Едно лице физички нападнало вработена во Инфективното одделение во Охрид, информира полицијата. Денеска во 9.19 часот, во СВР Охрид било пријавено дека во Инфективното одделение во Охрид, едно лице најнапред вербално, а потоа и физички нападнало вработена на одделението.

Директорот на болницата, Горан Балевски, во изјава за медиумите го осуди нападот. Тој посочи дека била нападната искусна докторка од страна на пациент што не сакал да чека на ред. Лекарката е во добра состојба, а инцидентот бил пријавен во полиција, која презема мерки за расчистување на случајот.