Фото: Игор Бансколиев

На Клиниката за пулмологија вечерва избувнал пожар, кој, за среќа, брзо бил изгаснат и била спречена експлозија, информираа од Министерството за здравство (МЗ).

Според соопштението од МЗ, пациент, сместен во соба за кислородна поддршка на Клиниката, вечерва ја извадил маската преку која примал кислород и запалил цигара. Поради проток на кислород во собата дошло до пожар од кој пацинетот се здобил со помали изгореници на лицето и градите.

– Дежурниот медицински пероснал брзо реагирал, а дотокот на кислород навреме бил исклучен, со што била спречена експлозија – соопшто МЗ.

Надлежните од Клиниката го пријавиле случајот во полиција, а повредениот пациент кој го предизвикал пожарот нема животозагорзувачки повреди. Во пожарот нема други повредени, а од болничката соба оштетен е мал дел од подот.