Oграбени две скопски аптеки – крадецот со нож им се заканил на вработените

653

Во текот на вчерашниот ден на идентичен начин биле ограбени две скопски аптеки.

Првиот грабеж се случил во аптека во трговски центар на булеварот „Партизански одреди“, а вториот на булеварот „Јане Сандански“.

Во двата случаи, непознато лице со закана со нож одзело пари од вработените, информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на настаните.