Фото: Игор Бансколиев

Скопското обвинителство денеска поднесе казнени налози против 22 лица поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

– Обвинетите, во одделни кривично-правни настани, не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија и за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации во градот – велат од Обвинителството.

Обвинителството за сите обвинети му предложи на Основниот кривичен суд Скопје да определи парични казни од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде одредена на износ од 20 евра во денарска противвредност​.