Фото: Игор Бансколиев/ Илустрација

Фотографија на која наводно се прикажани телефонски броеви на пратеници од СДСМ и нивните коалициски партнери се појави на социјалната мрежа Твитер, пред утрешната седница во Собранието на која треба да се разгледува францускиот предлог.

Објавата е проследена со насловот „Порачајте им да не го предаваат народот“, со што во неа се сугерира оти треба да се ѕвони на броевите за да се изврши притисок против прифаќање на францускиот предлог.

Од листата, во однос на владејачката коалиција, изоставени се ЛДП, ДОМ и ДС кои во Собранието се застапени со четворица пратеници.

Од скопското обвинителство за „Дojче веле“, велат дека ги следат информациите и оти ќе се постапи согласно законските надлежности доколку бидат утврдени елементи на кривично дело.