Фото: Игор Бансколиев /Илустрација

Вкупно 23 мигранти од Пакистан се пронајдени синоќа во напуштени објекти на поранешна свињарска фарма во кумановското село Речица – соопшти МВР.

Мигрантите се пронајдени меѓу 22.40 и 23.30 часот од службеници на полициската станица за граничен надзор Сопот.

-На автопатот Граничен премин Табановце – Куманово и на стариот пат од Куманово кон село Сопот, во село Долно Којнаре, Кумановско, полициските службеници забележале како мигрантите излегуваат од три возила кои претходно не застанале на даден знак за запирање. Мигрантите биле предадени во Транзитен центар Табановце за натамошна постапка – соопшти МВР.

По целосно расчистување и  документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.