На потегот помеѓу Струга и селото Калишта настанал пожар покрај брегот на Охридското Езеро, при што била опожарена трска со површина од околу 10.000 м2, сопственост на државата.

Пожарот е изгаснат дд страна на Територијалната противпожарна единица Струга. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.