Вчера околу 17 и 10 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај превојот Стража, Ј.Н.(19) од Кичево управувајќи мотоцикл „Априлија“ со кичевски регистерски ознаки загубил контрола врз мопедот и излетал од патот.

-По излетувањето од патот мотоциклистот бил пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар, каде што биле констатирани тешки телесни повреди.За случајот бил известен Јавен обвинител а увид на местото извршила екипа од ОВР Кичево – информира портпаролот Стефан Димоски.

З.А.