Апелацискиот суд во Скопје ја прифатил гаранцијата од 11 милиони евра за поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков по што тој ќе излезе од притвор, потврдиле од судот за емисијата „360 степени“.
Мијалков издржува мерка притвор во предметот „Трезор“, каде е неправосилно осуден на 8 години затвор.

Неговата жалба била уважена и решението за притвор е преиначено со прифаќање на гаранцијата. Апелациските судии му определиле мерки на претпазливост односно одземање на пасошот и обврска да се јавува во судот.

Според информациите на „360 степени “ гаранцијата од над 11 милиони евра се состои и во недвижен и во подвижен имот, а Мијалков ќе излезе од притвор кога ќе завршат административните процедури со ставање на хипотеката на имотот што е понуден како гаранција дека нема да избега.