Фото: Зоран Антоски

Последните неколку години и децении во Кичево зачестија кражбите на сѐ што е од метал, а цел на кратци се дури и влезни врати што порано беше незамисливо. Исто така, во селата и градот се крадат и казани за ракија и сите се загрижени од оваа појава која засилено зема се повеќе замав.

– Близу 60 години сме вселени во оваа куќа и во тој период не е забележана ниту една кражба ниту обид за кражба, а традицијата се наруши пред неполна седмица кога во текот на ноќта беше украдена металната порта од дворот. Кога излегов од дома да купам леб се вчудоневидов од оваа глетка и не можев да поверувам дека и ова можно – вели жител од насеба во средиштето на градот.

Ниту електричните канделабри не се поштедени од кражби и на голем број електрични столбови украдени се капаците, кои потоа стануваат опасни за љубопитните граѓани и децата , бидејќи столбовите се под електричен напон. Дури ни заварените капаци не се поштедени од кратци.

Фото: Зоран Антоски

На чести кражби се пожали и казанџијата Коста Галиман, кој вели дека последнава деценија вредноста на украдениот бакар од неговиот дуќан и многу висока.

– И покрај доброто обезбедување на мојот дуќан, сепак во последната деценија се случија повеќе кражби и според моја реална проценка во истиот период ми е направена штета од околу 20.000 евра, кога цел на крадците беше бакарот од казаните во дуќанот изработени за продажба – вели казанџијата. З.А.