Шеесет и четиригодишен маж од Скопје денеска загина во сообраќајна несреќа што се случи на улицата Александар Урдаревски во скопската населба Бутел.

Според информациите, несреќата се случила помеѓу товарно возило „ивеко“, управувано од С. С. (37) од Скопје и патничко возило „опел вектра“, управувано од А. М. (64) од Скопје.

На местото на несреќата од итната медицинска помош била констатирана смрт кај возачот А. М.. Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.