Маж бил пронајден мртов вчера во Скопје на улицата „Милан Зечар“, информира МВР.

Починатиот бил на 41-годишна возраст и во домот живеел со својот 77-годишен татко.

– Од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт кај лицето, кое претходно имало здравствени проблеми – велат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје. За настанот е известен Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено за обдукција – соопшти полицијата.