На патот од село Големо Радобил – Прилеп вчера мотоциклист, управувајќи мотоцикл „хонда“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

Од МВР информираат дека несреќата се случила во 11.50 часот кога, Д.Д.(24) управувајќи мотоцикл излетал од коловозот.

Притоа се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.