Припадниците на српското Министерство за внатрешни работи и Управата за гранична полиција запленија повеќе од 15 килограми марихуана и го уапсија македонскиот државјанин Д. Џ. (30) поради сомневање дека сторил кривично дело неовластено производство и ставање во промет на опојни дроги.

На граничниот премин Прешево, при преглед на автомобил „опел вектра” со бугарски регистарски таблички, со кој управувал осомничениот, полицијата пронајде 30 пакети марихуана со тежина од 15 килограми и 871 грама, скриени во конструкциските шуплини и резервната гума на автомобилот.

Осомничениот ќе биде задржан до 48 часа и ќе биде приведен на надлежното обвинителство со кривична пријава.