Седумдесет и осумгодишен маж бил пронајден починат во опожарена куќа во Куманово.

Од МВР информираат дека пожарот во куќата на мажот (Б.Ј.) бил пријавен утрово околу 4 часот.

– Полициски службеници излегле на местото и Б.Ј. бил пронајден починат – велат од МВР.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.