Mигрант потешко повреден при обид да се качи во товарен воз во движење

115

Mигрант e потешко повреден додека на железничката станица Трубарево се обидел да се качи на товарен во движење, кој сообраќал до Гевгелија.

Случајот е пријавен синоќа во 23.55 часот, соопшти МВР. Двајца мигранти се обудувале да се качат на возот при негово тргнување, при што едно од лицата се здобило со тешки телесни повреди.

Од екипа на Итна медицинска помош повреденото лице билo пренесенo во комплексот клиники “Мајка Тереза“.

Другото лице е однесено во полициската станица Гази Баба за натамошна постапка.

Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.