Mалолетник извршил обљуба врз 16- годишна девојка

422

Поднесена е кривична пријава против малолетник од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување“.

-Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе посебен извештај против 17-годишник од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување“, соопшти МВР.

На 22.08.2018 година околу 22.00 часот во домот на улица „Братство Единство“, во Виница, пријавениот извршил обљуба над 16-годишна девојка од Штип.