Фото: Макфакс

Товарен камион се преврте пред влезот на Штип при минување патарина. Несреќата се случи утринава, а направена е голема материјална штета.

Стоката што ја превезувал, поради силината на ударот и превртената приколка, е испадната. Од она што е познато, две кабини од патарината се целосно уништени, а таа сѐ уште не е пуштена во функција, што значи биле празни.

Од МВР велат дека го проверуваат случајот. Полицијата прави увид, а засега причините за несреќата се непознати. Не се знае ниту дали е повреден возачот што управувал со товарното возило ниту дали друго возило учествувало во несреќата.