Фото: Дарко Андоновски

Вчера во 12 часот во Полициската станица Гази Баба 60-годишен скопјанец Ј.П. пријавил дека бил истепан од контролор на ЈСП.

Од МВР информираат дека инцидентот се случил околу 7.30 часот на улицата „Алија Авдовиќ“.

Физичкиот напад се случил во моментот кога се симнувал од автобус број 65. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.