Кавадаречката полиција поднесе кривична пријава против И.Д.(38) поради сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

Како што информираат од МВР, на 29 мај минатата година, полициски службеници извршиле претрес во дом и помошни простории кај И.Д., во два објекти на правно лице, кои ги користи, како и викендичка покрај Тиквешко езеро, при што пронашле и одзеле кокаин, пари и воздушна пушка „камо“ со калибар 4.5 мм за која не приложил дозвола.