Kривични за десетина лица што дивееле во карантин

259

СВР Охрид поднесе 10 кривични пријави против С.Љ. (25) од село Матејче – општина Липково, С.М. (52) од село Смешница – Струга, Ж.Б. (28) од Скопје, Ф.Р. (40) од Скопје, Р.Љ. (40) од Арачиново – Скопје, В.Н.(39) од село Липково, општина Липково, Ш.А. (45) од Чаир – Скопје, Ф.Б. (39) од Тетово, А.Х. (27) од село Отља – општина Липково, Н.А. (38) од Крушево, М.С. (61) од село Осој – Кичево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Како што информираат од полицијата, пријавените, додека биле сместени во карантин во хотел, во повеќе наврати излегувале надвор од собите, гласно викале и недолично се однесувале и не ги почитувале мерките, прописите и наредбите укажани од страна на полициските службеници.