Фото: Фејсбук/Официјална страница на Ламбе Алабаковски

Не стивнуваат реакциите во јавноста откако на Ламбе Алабаковски му беше одреден осумдневен притвор по признанието оти го подметнал пожарот во бугарскиот културен центар „Ванчо Михајлов“ во Битола, изминатиот викенд.

Разликата меѓу Македонија и Бугарија, како реагираше за нападот на клубот на ОМО „Илинден“-ПИРИН

Многумина на социјалните мрежи изразуваат поддршка за Алабаковски чие дело го сметаат за херојство, нудејќи му и помош. Локалниот огранок на Левица во Битола повикува на протест за слободување на Алабаковски, што е закажан попладнево од 18 часот пред полициската станица во Битола, барајќи отфрлање на кривичната пријава поднесена против пејачот.

За едни е херој, за други шега – чинот на Ламбе Алабаковски ги запали и социјалните мрежи

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против Алабаковски за кривичното дело – предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик, што предвидува затворска казна од шест месеци до пет години.

– Тој што со пожар, поплава, експлозија, отров или отровен гас, јонизирачко зрачење, моторна сила, електрична или друга енергија или со друго општоопасно дејствие или средство ќе предизвика значителна опасност за животот или телото на луѓето или за имот од големи размери, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години – се наведува во Кривичниот законик.

Обвинителството побара притвор за Ламбе Алабаковски поради пожарот во Битола

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера преку Фејсбук информираше дека случајот со подметнатиот пожар веќе расчистен и има приведен што го признал делото. Извори во МВР потврдија дека станува збор за пејачот Ламбе Алабаковски. МВР исто така побара одредување мерка притвор поради тоа што, нагласи Спасовски, исполнети се условите по однос на таквото барање.

Спасовски не го потврува името на приведениот потпалувач на битолскиот клуб, МВР бара притвор