Пожар избувна денеска во компанија за производство на училишен и канцелариски мебел во скопската населба Волково.

Од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје за МИА информираа дека пожарот е локализиран и се работи на догасување. Интервенирано е со четири возила и девет пожарникари.

Пожарот не е проширен на околните куќи и нема жртви. Причинета е материјална штета која допрва ќе се утврдува.