Поради неисправност, санкционирани се четири возила што вршеле јавен превоз во Тетово, за време на во акциска контрола на полицијата во овој град.

– Полициски службеници од СВР Тетово, во рамки на континуираните контролни активности за откривање и санкционирање на лица кои управуваат технички неисправни возила, вчера (12.01.2022) откриле и санкционирале четири технички неисправни возила (ТЕ-2 и ГВ-2), кои вршат јавен превоз – информираат од МВР.

Тие веднаш биле исклучени од сообраќај до отстранување на констатираните неисправности. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, при што ќе се соочат со парична глоба во износ од 400 евра во денарска противвредност.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес за побезбедни патишта.