Лице со закана кон вработениот ограбило спортска обложувалница во скопската населба Козле.

„Синоќа во 22.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на улицата Брадфорска едно лице со закана кон вработениот одзело пари од дневниот промет“, велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.