фото: Илустрација

Против 61-годишен гостиварец е поднесена кривична пријава поради сомнение за семејно насилство, соопшти полицијата.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар има поднесено кривична пријава против А.Р.(61) од с. Врапчиште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,телесна повреда при вршење на семејно насилство“.

На 26.10.2021 во семејната куќа во с.Врапчиште, пријавениот со дрвен предмет ја нападнал неговата 75-годишна сопруга, нанесувајќи ѝ повреда.