Илустрација/Фото: МИА

Пожарот кај село Фурка нема активно горење, локализиран е вчера во 19 часот. Останати се екипи на Дирекцијата за заштита и спасување, другите се повлечени, а според раноутрински информации и план ќе се догасува, соопшти Центарот за управување со кризи.

Шумскиот пожар во планината помеѓу село Вапила и село Расино, Охридско, е се уште активен. Гори деградирана шума. Екипите се повлечени од терен.

По дојава, за пожар во местото од Куманово накај Скопје по стар пат, конкретно кај село Никуштак известени се: ТППЕ Куманово, лицето за контакт со Општина Липково и командирот на Полициска станица Матејче. Подетални информации од ЦУК најавуваат по пристигнување на екипите на терен.

Пожар има и кај село Доброшинци, гори депонијата. Известена е ТППЕ Струмица за да преземат понатамошни мерки за гаснење на пожарот, наведуваат од ЦУК.

Од добиените податоци од дежурниот во ТППЕ Кичево во село Другово, Кичевско, е запалена плевна, а е непотврдено дека е зафатена и една куќа. Од 20.45 часот ТППЕ Кичево со две противпожарни возила и осум пожарникари е на интервенција на пожарот.