Според првичните информации од МВР, едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи вечерва во скопско Ченто.

Денеска околу 17.35 часот пријавено е дека на ул.„М.А.Ченто“ се случила сообраќајна незгода помеѓу автобус на ЈСП линија бр.65, управуван од С. С.(1961) од Скопје и ПМВ „голф“ со скопски таблички, управувано од С.О. (1982) од Скопје.

Од страна на ИМП констатирана е смрт кај С.О.
Возачот на автобусот и еден сопатник од автобусот пренесени се во УЦ „Мајка Тереза“, а тројца сопатници од автобусот пренесени се во ГОБ „Св.Наум Охридски“.