Фото: МВР

Еден починат и пет лица со тешки повреди е билансот од сообраќајната несреќа на магистралниот пат Штип-Кочани меѓу селата Долни балван и Крупиште.

Од СВР-Штип потврдуваат дека несреќата се случила во 14.50 меѓу два автомобили со штипски регистерски таблички.

Во моментов се врши увид на местото на несреќата, од страна на крим полиција и јавен обвинител. Сообраќајот на оваа делница е забранет, а се одвива по алтернативни патишта.

Командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев вели дека е побарано да интервенираат на оваа сообраќајна несреќа.

-По дојава од страна на СВР-Штип беше побарано и интервениравме со едно возило и пет пожарникари. Страотна сообраќајка, во која во едното возило имаше четири тешко повредени лица,а во другото возило едно починато лице. Од страна на Противпожарната единица беше извршена акција на едно од возилата и извлековме четири повредени лица – вели Коцев.

Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска вели дека во болницата се хоспитализирани вкупно пет лица, со тешки повреди, кои се прегледани на ортопед, а во моментов им се пр ават дополнителни прегледи и снимање, за што подетално ќе се знае нивната здравствена состојба. Според првичните информации, повредените патници се работници, кои се враќале од работа.