фото: Илустрација

Дваесет и четиригодишна девојка загина вечерва во скопската населба Карпош, откако била прегазена на пешачки премин во близина на „Сити мол“.

Девојката преминувала улица на пешачки премин, кога автомобил ја удрил и ја фрлил неколку метри, при што се здобила со смртни повреди.

Неофицијално, возачот кој ја прегазил претекнувал друг автомобил, кој застанал на пешачкиот премин.

Девојката била од Радовиш, а ја прегазил 22-годишниот Ј.Ѓ. од Скопје.

Според информациите од МВР, во несреќата, што се случила во 19.44 часот, повредено е и нејзиното 24-годишно момче, исто од Радовиш, кое е пренесно во болница.

Според пријавеното, несреќата се случила на ул. Московска со бул. Партизански Одреди во која ПМВ Цитроен управувано од Ј.Ѓ. (1999) од Скопје удрило во Л.Д. (1997) од Радовиш кој е повреден и пренесен во ГОБ 8-ми Септември и В.Н. (1997) од Радовиш, која починала на лице место.

Полицијата е на местото и се врши увид.