Фото: Макфакс

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски и градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски, по повод 10 години од масакрот на Смилковското езеро, кога животот го загубија млади луѓе, утрово положија свежо цвеќе и запалија свеќи пред споменикот пставен на местото на убиството.

– Вечна им слава на Филип Славковски, Александар Накевски, Цветанчо Ацевски, Кире Тричковски и Борче Стевковски невини луѓе кои ги загубија животите на Смилковското езеро. На денешен ден пред 10 години се случи грозоморниот чин во кои настрадаа Филип, Александар, Цветанчо, Кире и Борче. Во нивна слава и чест заедно со градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски положивме свежо цвеќе и запаливме свеќи на споменикот поставен на местото на убиството – порача Стефковски.

На 12 април 2012 за време на Велики четврток беше извршено убиство на петмина лица со огнено оружје кај езерото во атарот на селото Смилковци, близу Скопје. Убиените се четири момчиња на возраст од 18 до 21 година од населбата Радишани: Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и Борче Стевковски, 45 години, од селото Црешево.