фото: Пиксабеј

Косовската полиција неода­мна заплени 272 апарата за ископување криптовалути во село во близината на Лепосавиќ, област на северот од земјата населена со српско население.
Беше организирана акција за откривање и запленување апарати за ископување криптовалути. Во оваа акција во близината на селото Требица, во општината Лепосавиќ, се запленети 272 такви апарати и е уапсено едно лице. Целата акција се изведе и се заврши без инциденти.
Како што најавија тамошните власти, ваквите акции ќе продолжат до целосното спроведување на одлуката на републичкото собрание и влада.
Пред неколку дена, пак, косовската полиција запленила 70 апарати за ископување криптовалути во јужниот дел на Митровица и во Подуево.
Како што информираат тамошните медиуми, нелегалното производство на криптовалути е особено распространето во северно Косово, каде што голем дел од локалното население со години не ги плаќа сметките за струја.