Скопската полиција поднесе вкупно 48 кривични пријави и две известувања против 55 лица, поради сомнение дека сториле 55 кривични дела – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, односно во периодот од 10 до 29 март годинава тие се движеле без дозвола за време на полицискиот час (во период од 22 до 5 часот наутро).

Исто така за прекршоци кои се констатирани во првото тромесечје од годинава, заклучно со 29 март, до Основното јавно обвинителство во Скопје се доставени вкупно 19 кривични пријави против 45 физички и едно правно лице, поради групирања на јавно место или на домашни прослави, спротивно на донесените мерки, како и групирање во угостителски објекти или задржување во нив по работното време.

СВР Скопје апелира до граѓаните да се придржуваат до забраните за движење и да ги почитувааат мерките донесени од Владата за заштита од ковид-19.