Државен инспектор за животна средина во текот на вчерашниот ден (29 јули) извршил надзор на запалена депонија во Велес, од која бил загаден и воздухот во градот.

По надзорот, изречена е казна од 3.000 евра во денарска противвредност и издадена е наредба за дневно прекривање со земја и 24-часовен надзор, согласно Законот за управување со отпад.

Државниот инспекторат за животна средина продолжува со надзори на општинските непрописни депонии, и тоа во: Пробиштип, Охрид, Струмица, Берово, Ново Село, Русино и секаде каде што комуналните претпријатија не постапуваат согласно закон.

Воедно, се известуваат сите потенцијални загадувачи дека Инспекторатот повеќе не дава опомени, туку преминува директно на санкции.