218 санкционирани возачи во Драчево

63

Министерството за внатрешни работи продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на Драчево изречени се вкупно 218 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 36 лица, 27 технички неисправни и нерегистрирани возила, неносење заштитна маска 14.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. MВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.