Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (11.03.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 164 мерки, меѓу кои за непочитување на брзина на движење санционирани се 25 возачи, 12 санкции за возење без возачка дозвола, 2 за прекршоци што ги чинат пешаците.

Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, една санцкција за управување под дејство на алкохол, седум за минување на затворен сигнал(црвено светло), пет за недавање првенство на минување на пешаци и 45 за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, а од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.