Тројца млади скопјани се тешко повредени откако со автомобил удриле во бетонска ограда и се превртеле. Несреќата се случила ноќеска на на ул. „5“ во нас. Ѓорче Петров.
Според информациите од МВР, сопатникот Д.В.(18) од Скопје се здобил со тешки телесни повреди, а сопатниците Д.Н.(18) и А.Т.(23), двајцата од Скопје, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Комплексот Клиники „Мајка Тереза“, каде што биле пренесени за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.