Осудениот Бојан Јовановски деновиве најави дека ќе достави кривични пријави против вистински сторители на кривични дела во Македонија, а на судијката Васка Николовска-Масевска ѝ порача парите да ги бара од Зоран и Вице Заеви, а не од него.

– Донесовте политичка пресуда. Парите барајте ги од Зоран и Вице Заеви, не од Бојан Јовановски. Во однос на притворот, сметам дека е тенденциозен. Сите овие месеци е покажено и докажано од ваша страна дека не се работи за обелување на правосудниот систем, туку преку мојот притвор се покажа дека има измешани садови. Нема да се дадам во бегство, едвај го чекам први јули, едвај чекам да дозволите да отидам во Јавното обвинителство овие денови за сите вистински сторители на кривични дела во оваа земја. Знам дека ќе ми го продолжите притворот бидејќи така ви е наредено – рече Јовановски.

Претходно, судечкиот совет донесе одлука да го осуди Јовановски на 9 години затвор.