Хирургот Тони Јосифовски, кој го оперирал Бојан Јовановски – Боки 13, е прогласен за непријателски сведок од страна на адвокатот на обвинетиот Сашо Дуковски. Ваквото тврдење уследи откако лекарот одговори дека ја познава поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, на прашање на одбраната. Згора, одбраната не наведе објаснување зошто Јосифовски е прогласен за непријателски сведок и продолжи наместо директни, да поставува вкрстени прашања кон сведокот.

Јовановски кажа дека два пати го оперирал Јовановски, односно дека за операцијата се договарале во болница и во кафуле, одговарајќи на прашањата на Дуковски.

Хирургот додаде и дека му правел преврски на Јовановски во неговиот дом, а еднаш и во домот на Камчев кој е сопственик на болницата каде што е вработен Јосифовски. Тој негираше дека некогаш бил заедно со Ана Камчева во домот на Јовановски. Јосифовски рече дека се познава со обвинителката во предметот Вилма Русковска. 

Како сведок на одбраната е предложен и Стојан Арсовски кој му бил возач на Јовановски.