Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, во својот исказ во Кривичниот суд, тврдела дека не знаела оти ќе се уништува опремата со која е извршена масовна злоупотреба со нелегално прислушување, иако таа ја потпишала одлуката за формирање на комисија во УБК, пренесуваат повеќе медиуми.

 – Од документацијата која ја потпишав не може да се утврди дека ќе се уништува опремата за следење на комуникации – истакнала Јанкуловска, додавајќи дека дознала кога СЈО го отворило случајот „Тврдина“.

Поранешната министерка нагласила и оти никој не и посочил дека има проблеми со барањето за формирање на комисија, по што таа го потпишала.

За време на исказот, поранешната министерка истакна дека никој не и посочил дека со барањето за УБК за комисија има проблеми и таа го потпишала.

Обвинети во овој предмет се поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и неколку вработени во поранешното УБК кои се товарат за нелегално прислушување на над четири илјади телефонски броеви во периодот меѓу 2008 и 2015 година.