Фото: Дарко Андоновски

Поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева, одлучила да не даде исказ пред обвинителката Вилма Русковска, туку ќе се брани со молчење.

Според нејзината одбрана, во оваа фаза од постапката Јанева одлучила да не дава исказ за случајот „Рекет“, во кој е осомничена за злоупотреба на нејзината службена положба, пренесуваат повеќе медиуми.

Во наредните неколку денови се очекува од Апелационен суд да донесат одлука дали Јанева ќе излезе од притвор, како и дали за неа ќе биде одредена поблага мерка на претпазливост. Исто така се очекува обвинителката Русковска да го поднесе обвинението за случајот „Рекет“, чија истрага заврши пред 15 дена.