Фото: Игор Бансколиев

Судењето за случајот „Рекет“ е одложува на барање на адвокатите на обвинетата Катица Јанева, во кое се наведува дека поранешната шефица на Специјалното јавно обвинителство има хронична болест и спаѓа во групата граѓани за кои Владата препорача седење дома поради коронавирусот.

Наредното судење е закажано за в четврток. На судењето за „Рекет“ треба да сведочат обвинителите на СЈО на предлог на Јанева.