Фото: Архива

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, по три часа, го напушти Обвинителството за организиран криминал и корупција, каде што вршеше увид во доказите за случајот „Рекет“. Во Обвинителството со обвинителката Вилма Русковска останаа нејзините адвокати.

Јанева вторпат неделава доаѓа во Обвинителството. Засега е непознато дали Јанева се изјаснила во врска со обвинителниот акт или тоа ќе биде оставено за идната недела.

Вчера, во Обвинителството, вторпат дојде и осомничениот Бојан Јовановски, кој бараше увид во доказите пред да го даде исказот пред обвинителката Вилма Русковска.

Според истрагата, Боки 13 заедно со Зоки Кичеец во два наврата зеле 1,5 милион евра од побарани осум милиони евра со ветување дека преку ексшефицата Катица Јанева ќе ја запрат истражната постапка или ќе му ја олеснат положбата во постапката.

Во изминатиот период во врска со овој случај во Обвинителството беа повикани бизнисменот Силјан Мицевски, водителката Лила Филиповска и пратениците Фросина Ременски и Александар Кирацовски, претседателката на Собранието на Меѓународниот сојуз, Агапи Дика, и бизнисменот Зоран Азманов.

Минатиот месец на распит кај Русковска беше и второосомничениот Зоран Милески – Кичеец.