Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која доби 30-дневен притвор поради вмешаност во случајот „Рекет“, се држи подалеку од осомничените Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски – Кичеец, а исто така, нема контакт ниту со оние што таа ги притвори, пренесуваат повеќе македонски медиуми.

Јанева е сместена во женскиот оддел на првиот кат од затворската зграда, каде што условите се за нијанса подобри отколку во машкиот дел.

Јанева вчера накратко го напушти истражниот затвор во Шутка за да присуствува на погребот на нејзината мајка, која почина дента кога обвинителката беше уапсена.