Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески е повикан на распит во Обвинителството за организиран криминал и корупција во врска со истрагата за случајот „27 април“, објавуваат повеќе македонски медиуми.

Јанакиевски кој се наоѓа во куќен притвор, е осомничен за организирање на насилниот упад во Собранието. На распит, претходно, беше повикан и поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски.

Обвинителството пред два месеци отвори истрага за организаторите и нарачателите на насилниот упад, во која осомничени се и поранешниот премиер Никола Груевски, Спиро Ристовски, поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, како и Никола Бошковски, вработен во УБК, кој моментно е во бегство во Грција.