Откако лекарите утврдија дека не е потребна хируршка интервенција, екс-министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денес беше вратен во притвор во Истражниот затвор во Шутка, пренесуваат повеќе македонски медиуми. Тој пред пет дена бил пренесен во приватна болница каде што требало да му биде извршена операција на срце. 

По направените испитувања, било утврдено дека неговата ситуација е добра и тој е вратен во притворското одделение во Шутка. Јанакиевски штрајкуваше со глад, но мораше да го прекине штрајкот по препораката на лекарите. 

Јанакиески доби нова мерка притвор откако беше осомничен за афетара „Шпански скали“