Фото: МИА

Рочиштето за насилство во Центар е одложено откако поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески не беше спроведен од затворот во Шутка. 

Според наредбата за спровод на Јанакиески, кој е обвинет во овој предмет, тој требал да биде донесен во судот од домашен притвор. 

Тој во меѓувреме беше уапсен повторно во новата истрага на Обвинителството за организиран криминал, во врска со нелегална продажба на државно земјиште.