Фото: Игор Бансколиев

Адвокатите на поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева, ја почнаа одбраната во „Рекет” со презентација на материјални докази, односно извадок од една телевизиска емисија емитувана на 1ТВ.

Од прикажаниот видео-материјал се забележува како обвинетата Јанева, а воедно и обвинителката Лиле Стефанова, на 29 јануари минатата година ги оправдуваат предложените мерки за обвинетите во „Империја”.

Одбрана презентираше и Анкетен лист на обвинетата, каде што според нив, нема промена во имотната состојба. Беа презентирани и транскрипти кои сестрата на обвинетата ги упатила во една приватна болница за лекување на нејзиниот татко.

Одбраната побара да се исклучи јавноста бидејќи дел од материјалните докази предложени од Јанева, беа и материјални докази од истрагата за „Империја”. Судот го прифати овој предлог со образложение дека сите рочишта до 23 март ќе се одвиваат без присуство на јавноста.

Одбраната ќе почне со испитување на сведоци, меѓу кои се предожени и поранешни обвинители од СЈО, на рочиштето за 23 март.