Двајца штипјани со туѓи лични податоци подигнале кредит од 10.000 денари.

СВР Штип поднесе кривична пријава против Д. Т. (33) и С. Т. (32), двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем.

Според информациите на МВР, тие без согласност на оштетениот З. В. (55) од Штип, ги искористиле неговите лични податоци при аплицирање за брз онлајн-кредит во износ од 10.000 денари, кој бил одобрен и паричните средства неовластено биле подигнати од банкомат со неговата платежна картичка.