Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Штип – Радовиш.

Според информациите на МВР, несреќата се случила во 17:15 часот кога О.М. (32) од Штип со автомобил „фолксваген пасат“, со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од коловозот.

Во незгодата со телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката Н.М. (32), додека со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М. (55) и биле пренесени во Клиничката болница Штип.

Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Штип.